Еден од најпознатите спортски парови во светот, американскиот тенисер Бен Шелтон и фудбалерката Тринити Родман, наводно ставил крај на љубовната врска по речиси две години.
Веста за нивното раскинување ја објави британскиот „Дејли мејл“, според кој главните причини се неусогласените професионални распореди, постојаните патувања и тешкотиите во одржувањето на врската на далечина.
И покрај разделбата, двајцата наводно останале во добри односи, но засега ниту еден од нив јавно не ја потврдил информацијата.
Шелтон и Родман ја започнаа својата љубовна врска во март 2025 година и редовно си даваа поддршка на големите спортски натпреварувања.
Сепак, и двајцата претходно отворено зборуваа за исцрпеноста и професионалните обврски што им го отежнувале заедничкиот живот.
„Понекогаш по турнирите изгледам како зомби. Не сум баш најзабавната личност за дружење“, изјавил Шелтон во септември.
Дополнително внимание во јавноста предизвика неговото појавување на НБА-натпреварот меѓу Њујорк Никс и Индијана Пејсерс, каде што во истото друштво била забележана и 25-годишната холивудска актерка Инде Наварете.
Тоа веднаш предизвика шпекулации за можна нова романса, иако засега нема потврда дека меѓу нив постои љубовна врска.
Тринити Родман, ќерка на легендарниот кошаркар Денис Родман, е една од најдобрите американски фудбалерки и освојувачка на олимписки златен медал во Париз во 2024 година.
Шелтон, пак, се етаблираше меѓу најдобрите светски тенисери, а според хрватските медиуми моментално е четврторангиран тенисер во светот.










