ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО) ПОТЕГ КОЈ ПРИВЛЕЧЕ ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ: Ирците не се ракуваа со Израелците пред натпреварот

(ВИДЕО) ПОТЕГ КОЈ ПРИВЛЕЧЕ ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ: Ирците не се ракуваа со Израелците пред натпреварот

Ирската фудбалска репрезентација привлече големо внимание со постапката на своите фудбалери непосредно пред вечерашниот натпревар против Израел во Лигата на нации.

Иако Ирска одлучи да го одигра натпреварот, нејзините репрезентативци пред почетокот не се ракуваа со израелските фудбалери. Изостана и вообичаениот поздрав меѓу капитените – Дара О’Шеј и Манор Соломон.

За време на интонирањето на израелската химна, ирските фудбалери стоеја со наведнати глави, а на натпреварот настапија и со црни ленти на рацете, како знак на почит кон жртвите во конфликтот во кој е вклучен Израел.

Претходно, повеќе од 160 ирски спортисти потпишаа отворено писмо со кое побараа да се преиспита одлуката за одигрување на натпреварите против Израел.

Видео: