Светското првенство влегува во најинтересната фаза, откако вечерва започнуваат натпреварите од осминафиналето, каде што секој меч ќе биде елиминациски.
Програмата ја отвора дуелот меѓу Канада и Мароко со почеток од 19:00 часот, додека од 23:00 часот ќе се сретнат Франција и Парагвај.
Во следните денови љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат во уште неколку атрактивни пресметки. Бразил ќе игра против Норвешка, Мексико ќе се соочи со Англија, а едно од најголемите дербија ќе биде дуелот меѓу Португалија и Шпанија.
Во осминафиналето ќе се играат и натпреварите САД – Белгија, Аргентина – Египет и Швајцарија – Колумбија.
Претходната рунда донесе голем број возбудувања, пресврти и пенал-драми. Мароко ја елиминираше Холандија, Парагвај ја исфрли Германија, а Канада обезбеди историски пласман со гол во судиското продолжение.
Сега секоја грешка може да значи крај на настапот, а борбата за светската титула влегува во својата најнеизвесна фаза.








