ПРВ.мк
Спорт

ОД ДЕТСТВОТО ВО СРБИЈА ДО ВРВОТ НА СВЕТОТ – Нов филм ја раскажува приказната на Ѓоковиќ

ОД ДЕТСТВОТО ВО СРБИЈА ДО ВРВОТ НА СВЕТОТ – Нов филм ја раскажува приказната на Ѓоковиќ

Животот и кариерата на Новак Ѓоковиќ ќе бидат прикажани во новиот долгометражен документарец „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“, кој пристигнува на 20 август.

Филмот е во режија на Џејсон Хир, познат по документарната серија „Последниот танц“ за Мајкл Џордан и Чикаго Булс, а ќе биде достапен преку Prime Video во повеќе од 240 земји и територии.

Документарецот го следи Ѓоковиќ од неговото детство во Србија, преку пробивот на светската тениска сцена, па сè до периодот во кој собори бројни рекорди. Во филмот се појавуваат и неговата сопруга Јелена, како и Рафаел Надал, Андре Агаси, Пит Сампрас, Борис Бекер и други познати личности од тенисот.

Ѓоковиќ вели дека приказната не е посветена само на спортот, туку и на сомнежите, жртвите и моментите кои јавноста не ги видела.

Српскиот тенисер има освоено 24 гренд-слем титули, меѓу кои рекордни 10 на Австралија опен, како и 40 Мастерс титули. На врвот на АТП-листата поминал 428 недели.

Во 2024 година во Париз го освои и олимпиското злато, заокружувајќи една од најуспешните кариери во историјата на тенисот.

Балканската премиера на документарецот веќе се одржа на Ловќен во Црна Гора, а светската публика ќе може да го погледне од 20 август.