ПРВ.мк
Спорт

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО ЕВРОПСКИОТ ФУДБАЛ: Масовни апсења – вмешани судии, клубови и тајни мрежи!

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО ЕВРОПСКИОТ ФУДБАЛ: Масовни апсења – вмешани судии, клубови и тајни мрежи!
Kristal

Голем скандал го потресе фудбалот во Чешка, откако во координирана акција на полицијата, Европол, Интерпол и УЕФА, биле приведени повеќе од 50 лица поради сомневање за местење натпревари и корупција.

Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Оломоуц и е поврзана со нелегални активности како договорени резултати, влијание врз натпревари и поврзаност со обложувачки пазари во Азија.

Случајот започнал уште во 2023 година, кога полицијата почнала да следи одредени лица поради сомнителни активности поврзани со обложувалници од Далечниот Исток. Со текот на времето, истрагата открила мрежа на договори меѓу клубови, при што натпреварите биле наместувани и без директно обложување како крајна цел.

Постојат сомневања дека одредени структури во Фудбалската федерација на Чешка се обиделе да предупредат дел од осомничените за истрагата уште во мај, што дополнително го продлабочува скандалот.

Претседателот на федерацијата, Давид Трунда, свика итен состанок и изјави дека 47 лица се под истрага, нагласувајќи дека целта е целосно да се искорени т.н. „обложувачка мафија“ од спортот.

Меѓу осомничените, според медиумите, се и судиите Мирослав Зелинка, Јан Петрик, Јан Вшетечка и Симон Вејташа, како и повеќе фудбалски функционери.

Од клубовите, како единствен член од првата лига се споменува Карвина, додека под истрага се и повеќе клубови од пониските лиги, меѓу кои Злинско, Опава, Чешке Буѓевице, Хрудим и други.

Истрагата опфаќа сериозни кривични дела како местење натпревари, корупција и поткуп, а најголем дел од осомничените се од регионот Моравија.

Оваа акција се смета за една од најголемите во Европа во последните години, споредлива со аферите како Калчополи во Италија и големите антикорупциски акции во други европски земји.

Иако ова е само почеток, истрагата се очекува да трае со месеци, па дури и години, со цел целосно да се разоткрие мрежата што стои зад овој голем фудбалски скандал.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape