ПРВ.мк
Свет

ШОКАНТЕН ИЗВЕШТАЈ: Ова е најзагадената земја во светот – бројките се алармантни!

ШОКАНТЕН ИЗВЕШТАЈ: Ова е најзагадената земја во светот – бројките се алармантни!
Kristal

Пакистан е рангиран како најзагадена земја во 2025 година, со нивоа на ПМ2,5 честички кои достигнуваат и до 13 пати повеќе од препорачаните граници на Светската здравствена организација, покажува истражувањето на швајцарската компанија IQAir.

Според нивниот годишен извештај, само 13 земји и територии успеале да одржат просечно загадување под пет микрограми на кубен метар, што претставува подобрување во споредба со 2024 година кога такви биле само седум.

Сепак, огромното мнозинство – дури 130 од вкупно 143 анализирани земји и територии, меѓу кои и САД – не ги исполнуваат препораките за квалитет на воздухот.

На листата зад Пакистан следуваат Бангладеш и Таџикистан, додека Чад, кој беше најзагаден во 2024 година, паднал на четвртото место, делумно поради недостиг на податоци.

Во извештајот се посочува дека намалувањето на достапните информации е поврзано и со одлуката на САД да го прекине глобалниот програм за следење на загадувањето преку амбасадите и конзулатите, што влијаело врз точноста на податоците.

Кога станува збор за градови, најзагаден во 2025 година е Лони во Индија, со просечно ниво на ПМ2,5 од 112,5 микрограми, додека Хотан во Кина бележи 109,6 микрограми.

Меѓу 25-те најзагадени градови доминираат токму Индија, Пакистан и Кина, што укажува дека проблемот со квалитетот на воздухот останува сериозен предизвик за целиот регион.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape