ПРВ.мк
Свет

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ВОЈНАТА: Оваа држава прв пат по 5 години се врти кон Русија!

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ВОЈНАТА: Оваа држава прв пат по 5 години се врти кон Русија!
Kristal

Филипини прогласија вонредна состојба во енергетскиот сектор поради последиците од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, предупредувајќи на „непосредна опасност“ за снабдувањето со енергија.

Претседателот Фердинанд Маркос Јуниор изјави дека е формирано специјално тело кое ќе има задача да обезбеди стабилен тек на снабдување со гориво, храна, лекови и други основни потреби за населението.

Според него, прогласувањето на вонредната состојба ѝ овозможува на владата да преземе координирани мерки во рамки на законите, со цел да се одговори на ризиците од нарушеното глобално снабдување со енергија и можните последици врз домашната економија.

Дополнителен проблем претставува зависноста на регионот од транспортот на нафта преку Ормуски теснец, клучна поморска рута која е под силно влијание на Иран, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу испораките.

Во обид да ја ублажат кризата, Филипините најавија дека овој месец ќе започнат со увоз на нафта од Русија – потег што се случува првпат по пауза од пет години.

Овој чекор покажува колку е сериозна ситуацијата, бидејќи земјата, која во голема мера се потпира на енергенси од Блискиот Исток, сега бара алтернативни извори за да избегне подлабока енергетска криза.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape