Ред Бул Салцбург со минимални 1:0 го совлада Пафос во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лига Европа, но резултатот остана во сенка на несекојдневните услови во кои се одигра средбата.
Силниот дожд што започна непосредно пред стартот за кратко време целосно го поплави теренот, па по околу 15 минути игра судијата беше принуден да го прекине натпреварот.
Прекинот траеше речиси два часа, додека временските услови се подобрат и теренот делумно се оспособи за продолжување на играта. И покрај тоа, фудбалерите играа на терен преполн со вода, кој повеќе наликуваше на базен отколку на фудбалско игралиште.
Победничкиот погодок за австрискиот тим беше постигнат во 88. минута, со што Ред Бул Салцбург стекна минимална предност пред реваншот. Видеото од натпреварот најдобро покажува во какви екстремни услови се одигра овој дуел.
Видео:









