ПРВ.мк
Спорт

Најуспешен во историјата, а најмалку платен: Ѓоковиќ жртва на тивката неправда во тенисот?!

Најуспешен во историјата, а најмалку платен: Ѓоковиќ жртва на тивката неправда во тенисот?!
Escape

Темата за еднакви награди во тенисот одамна е табу, иако никогаш не била поактуелна. Хрватскиот тенисер Иван Љубичиќ отворено призна дека повеќе не се зборува за тоа, а последен кој се осмели да ја допре забранетата зона беше токму Новак Ѓоковиќ. Тој во 2016 изјави дека машките тенисери заслужуваат повисоки награди поради далеку поголемата гледаност на нивните натпревари. Но неговата искреност го чинеше скапо – веднаш следеа критики, особено од Мартина Навратилова, а потоа и „воспитен“ приватен ручек со легендите Били Џин Кинг и Крис Еверт, по што Ѓоковиќ мораше да се повлече и да се коригира јавно.

Темата беше затворена. Барем во јавноста. Но пазарните факти останаа. Тенисот, како дел од корпоративниот спортски свет, го следи принципот на профит. А профитот е таму каде што има публика. А таа, со децении, е далеку поголема кај машките мечеви. Цената на реклама за машки натпревар е повисока, мечевите се подолги, динамични и атрактивни, а со тоа и вредноста што ја создаваат – поголема. Па зошто тогаш наградите се исти?

Проблемот не е само во наградите. Поголема е и вонтеренската дискриминација. Ѓоковиќ досега заработил околу 240 милиони долари во кариерата, од кои 185 милиони од турнири. Серена Вилијамс, пак, иако има само 95 милиони од теренот, има вкупна заработка од 350 милиони – благодарение на модни, козметички и бизнис договори во вредност од 255 милиони долари. Пазарот ја преферира Серена, а системот ја штити. Ѓоковиќ? Најдобар, но далеку од најплатен.

Ниту во машката конкуренција не стои подобро. Роџер Федерер, иако има најмалку турнирски победи меѓу големата тројка, има заработено неверојатни 1,3 милијарди долари. Рафаел Надал е втор со 220 милиони нето, а Ѓоковиќ и покрај сите титули останува трет – и на терен и надвор од него. Причината? Федерер и Надал доаѓаат од економски моќни земји, зад кои стојат брендови како Ролекс, Кредит Свис и Најк. Србија – нема ништо слично.

Парадоксот е очигледен: најуспешниот е најмалку платен. Најдоминантниот не е најпочитуван на пазарот. Ѓоковиќ, со својата искреност и верба во фер третман, стана жртва на систем кој се преправа дека е правичен, но во суштина работи по свои скриени закони. И во тој систем, Новак Ѓоковиќ останува симбол на спортски совршенство – но и на тивка неправда.

Mia Home Mavrovo