ПРВ.мк
Спорт

Француски пар ја шокира Олимпијадата со победа полна скандали!

Француски пар ја шокира Олимпијадата со победа полна скандали!
Kristal

Францускиот двоец Лоренс Фурние Бодри и Гијом Сизерон го освои златниот медал во уметничко лизгање – слободен танц на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со импресивни 225,82 поени. Но нивната победа доаѓа со вистинска драма зад сцената!

Парот важи за најконтроверзен на овие Игри, поради бурните разделби и скандали од минатото. Лоренс до неодамна настапуваше за Канада и Данска, а итно доби француско државјанство за да стане партнерка на Сизерон. Гијом, пак, се раздели од долгогодишната партнерка Габриела Пападакис, со која освои злато на Пекинг 2022 и пет светски титули. Пападакис откри дека нивниот однос бил „неурамнотежен“ и дека се чувствувала „под контрола“, но Сизерон го демантираше тоа како „кампања на клевети“.

И додека вниманието беше на Пападакис, Лоренс имаше свој скандал: нејзиниот поранешен партнер и љубов Николај Соренсен доби шестгодишна суспензија по обвинение за сексуален напад.

И покрај сите бурни приказни и контроверзии, вечерта на мразот тие беа неприкосновени. Фурние Бодри и Сизерон покажаа дека во уметничкото лизгање важи само едно – перфекцијата на мразот!

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo