ПРВ.мк
Спорт

Миовски пред нов трансфер: На маса има официјална понуда од Турција

Миовски пред нов трансфер: На маса има официјална понуда од Турција

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски би можел да ја продолжи кариерата во Турција, откако Генчлербирлиги покажал сериозен интерес за неговите услуги.

Според последните информации, турскиот клуб веќе стапил во контакт со Миовски и со Глазгов Ренџерс и испратил официјална понуда за македонскиот напаѓач.

Миовски во досегашниот дел од сезоната не добива голема минутажа во Ренџерс. Настапи на само два натпревари, а во двата случаи влезе во игра во завршницата. Дополнителен сигнал за неговиот статус беше последниот натпревар против Абердин, на кој Македонецот не се најде ниту меѓу резервите.

Генчлербирлиги, кој се врати во најсилната турска конкуренција, бара засилување во нападот пред затворањето на преодниот рок и една од опциите е токму Миовски.

Останува да се види дали понудата ќе биде прифатена и македонскиот голгетер ќе се пресели во Турција или во последните денови од преодниот рок ќе се појави друга опција за продолжување на неговата кариера.