Македонија, Србија и Словенија подготвуваат регионална иницијатива за заедничка кандидатура за домаќини на машкото Европско првенство во ракомет кое треба да се одржи во 2034 година. Според досегашниот план, турнирот би се поделел така што секоја од трите земји би организирала по две квалификациски групи, додека завршниот финален викенд е предвидено да се одигра во Србија.
Божидар Ѓурковиќ, првиот човек на српскиот ракомет, потврди дека по интензивните разговори со федерациите на Македонија и Словенија е постигнат начелен договор околу сите детали. Пред официјално поднесување на кандидатурата до европската куќа на ракометот, потребно е само формално одобрение од националните сојузи, при што се потенцира дека сите три држави имаат целосни организациски капацитети за ваков спортски настап од висок ранг.
Доколку овој заеднички проект добие зелено светло, Македонија ќе добие историска можност да биде соорганизатор на едно од најпрестижните континентални натпреварувања. Инаку, домаќините за претходните мундијали се веќе познати – во 2028 година турниров го организираат Португалија, Шпанија и Швајцарија, во 2030 година домаќини се Чешка, Данска и Полска, додека во 2032 година организацијата ја преземаат Германија и Франција.










