ПРВ.мк
Спорт

УБАВА ВЕСТ: Македонија домаќин на Европското првенство за кошаркари!

УБАВА ВЕСТ: Македонија домаќин на Европското првенство за кошаркари!
Kristal

Македонија официјално ќе ја прими Европската кошаркарска сцена ова лето, откако ФИБА потврди дека државата ќе биде домаќин на Европското првенство „Б“ дивизија за кошаркари до 16 години. Континенталниот шампионат ќе се одржи од 5 до 16 август, а младинската репрезентација на Македонија ќе се бори пред својата публика.

Настапот на домашен терен се очекува да биде огромен мотив за младите кошаркари, кои ќе имаат можност да покажат најдобро издание и да се борат за висок пласман пред поддршка од навивачите.

Од Кошаркарската федерација на Македонија изразија задоволство и гордост од довербата што ФИБА Европа ја покажа кон нашата земја, нагласувајќи дека ова е потврда за организациските способности и искуството што Македонија го има во спроведувањето на меѓународни спортски настани.

„Со големо задоволство и чувство на одговорност ја прифаќаме одлуката на ФИБА Европа, која претставува признание за нашето искуство и капацитетите што ги имаме во организацијата на меѓународни спортски настани“, соопштија од КФМ.

Во наредниот период се очекува објавување на дополнителни детали, вклучувајќи ги градовите и салите каде ќе се одиграат натпреварите, што ќе даде целосна слика за подготовките и организацијата на младинскиот шампионат во Македонија.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo