Навивачите на Лос Анџелес Лејкерс конечно добија причина за оптимизам пред стартот на новата НБА сезона. Лука Дончиќ потврди дека целосно се опоравил и дека е подготвен да го преземе лидерството во тимот по заминувањето на Леброн Џејмс.
Словенечкиот ас зад себе има успешен период на рехабилитација, а истакна дека паузата од кошарката му помогнала целосно да се регенерира, и физички и психички.
Минатата сезона Дончиќ беше најдобар стрелец во НБА, но повредата што ја заработи во финишот на сезоната го спречи да му помогне на Лејкерс со полн капацитет во плејофот. Без неговиот максимален придонес, тимот беше елиминиран во второто коло од Оклахома Сити Тандер.
Со заминувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија, Дончиќ ќе ја има главната улога во нападот на Лејкерс и ќе биде првата ѕвезда на тимот во претстојната сезона.
Како дел од подготовките, 27-годишниот кошаркар најави дека во текот на август ќе ги собере своите соиграчи на четиридневно дружење во Словенија, со цел тимот подобро да се поврзе пред почетокот на новата сезона.









