Ветераните на ФК „Борец“, предводени од поранешниот македонски репрезентативец – Панче Ќумбев, викендов, на третиот Меѓународен фудбалски турнир на ветерани во Дуги Рат, крај Сплит, во Хрватска ги бранеа на „зелениот далматински терен“ спортските бои на Велес и на Македонија. Дуги Рат е домаќин на трет Меѓународен турнир на фудбалери ветерани додека велешките ветерани на ФК „Борец“ се први учесници од Македонија.
И како што пренесува Слободна Далмација „нашите ветерани“ не останале, незабележани.


За ПРВ.мк Панче Ќумбев додаде:
„Учествуваме на третиот по ред меѓународен турнир на ветерани во Дуги Рат-Хрватска.Освен домашни екипи учествуваат и Железничар од Сараево и Зрински од Мостар и ние како Борец од Велес. Се натпреваруваат вкупно 12 екипи на турнирот чија цел всушност е дружба,пријателство и позитивна енергија. Вреди да истакнеме дека во забавната програма на завршната вечер имавме забава со бенд во кој вокалната интерпретаторка имаше потекло од Македонија, нејзината баба била од Прилеп. Се на се ова е прекрасно дружење, полно со емоции и позитивни вибрации до небо. Ние сме тука по заслуга на мојот кум Ивица Крижанац, сместени сме кај него и прекрасно си поминуваме“.

Ветеранската екипа на велешката спортска гордост, ФК „Борец“, во двата фудбалски дена на теренот на Дуги Рат оствари една победа и еден пораз, што воопшто не е важно за ниту еден учесник на овој меѓународен турнир, бидејќи сите приоритет даваат на средбите со познаници или добри пријатели стекнати токму на „зелената трева“. Повеќето од овие средби траат со децении.

„Најдобри на првиот и вториот турнир беа ветераните на мостарскиот Зрињски, а годинава ќе ја бранат титулата во Дуги Рат. Заедно со нив ќе играат и Дугопоље, Камен, Омиш, Приморац Стобреч, Ускок, РНК Сплит, Железничар, претходно споменатиот Борец Велес, лекарскиот тим на КБЦ Фируле и организаторот Оркан.


Турнирот се одигрува, на 2 и 3 мај, па саботата беше полна со натпревари во текот на целиот ден, со оглед на тоа што се играше во четири групи од по три клуба. Првиот натпревар во сабота се одржа во 11 часот, а последниот во 19:20 часот, додека полуфиналните натпревари се одржаа вчера, недела во 16 и 16:40 часот. Финалето во 17:30 часот. По финалето се одржа дружењето за сите учесници со музика и добра храна,“ пренесе Слободна Далмација.
Фудбалските ветерани со богати кариери традиционално се дружат во Дуги Рат веќе трета година по ред, а идејата e на тренерот Роберто Спејн и познатите лица на хрватскиот фудбал како што се Ивица Крижанец и Тончи Жилиќ кои придонесоа за реализацијата на оваа приказна.
Извор: Дума.мк








