Судиска одлука што ќе предизвика бура – Полјакот Симон Марчињак е назначен за главен арбитер на полуфиналето меѓу Реал Мадрид и ПСЖ на Клупското светско првенство!
Марчињак, кој веќе судеше меч на Реал во осминафиналето против Јувентус, повторно е во центарот на вниманието. Најмногу се памети по контроверзниот дуел Барселона – Интер во Лигата на шампионите, кога беше остро критикуван од каталонците за спорни одлуки во корист на Италијанците.
Натпреварот Реал–ПСЖ ќе се одигра во среда во 21:00 часот – сите очи ќе бидат вперени не само во ѕвездите на теренот, туку и во судијата кој може да го реши исходот!