ПРВ.мк
Спорт

Габриел Жезус пред голем трансфер: Постигнат договор со Арсенал

Габриел Жезус пред голем трансфер: Постигнат договор со Арсенал

Барселона постигнала договор со Арсенал за трансфер на бразилскиот напаѓач Габриел Жезус, кој треба да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб.

Според објавените информации, Барселона за 29-годишниот Бразилец ќе плати околу 10 милиони евра.

Жезус во понеделник треба да пристигне на лекарски прегледи, а доколку сè помине според планот, потоа се очекува да го потпише договорот и официјално да стане нов фудбалер на каталонскиот гигант.

Раководството на Барселона се одлучило за поранешниот напаѓач на Манчестер Сити како решение за позицијата централен напаѓач.

Со евентуалното пристигнување на „Камп Ноу“, Жезус би ја напуштил Премиер лигата и би започнал ново поглавје во кариерата во шпанска Ла Лига.

Трансферот сè уште треба да биде официјализиран од клубовите, па до потписот информацијата останува на ниво на постигнат договор според објавените извештаи.