Светската фудбалска организација најави нови правила за Мундијалот ова лето во САД, Канада и Мексико, кои целосно ќе ја променат динамиката на играта.
Најспорните новини се:
- Играчите кои се заменуваат ќе имаат само 10 секунди да го напуштат теренот. Ако тоа не го направат, новиот играч ќе мора да чека целата една минута, оставајќи го тимот со десетмина.
- Уфрлањето од аут мора да се изведе во 5 секунди, инаку топката автоматски му припадна на противникот.
- Играчите кои добиваат лекарска помош мора да излезат од теренот и да чекаат една минута пред да се вратат.
- ВАР сега може да интервенира не само при спорни пенали, туку и при втор жолт картон или очигледни грешки при досудување на корнер.
Фудбалската игра станува поактивна и построга, а навивачите веќе споделуваат реакции дека ова ќе донесе вистински хаос на теренот!


















