ПРВ.мк
Спорт

ФИФА му ја укина суспензијата на Балогун, Трамп веднаш реагираше: „Ви благодарам што ја исправивте неправдата“

ФИФА му ја укина суспензијата на Балогун, Трамп веднаш реагираше: „Ви благодарам што ја исправивте неправдата“

Американскиот репрезентативец Фоларин Балогун ќе настапи во осминафиналето на Светското првенство против Белгија, откако Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи да ја укине автоматската суспензија по црвениот картон што го доби на натпреварот против Босна и Херцеговина.

Одлуката предизвика бројни реакции, а меѓу првите се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој преку својата социјална мрежа Truth Social јавно ѝ се заблагодари на ФИФА.

„Ви благодарам на ФИФА што постапи правилно и исправи голема неправда“, напиша Трамп.

Балогун беше исклучен по интервенција на ВАР, откако судијата процени дека неговиот старт врз босанскиот репрезентативец Тарик Мухаремовиќ заслужува директен црвен картон.

Сепак, Дисциплинската комисија на ФИФА подоцна донесе одлука да го одложи извршувањето на автоматската суспензија. Според официјалното образложение, применет е член 27 од Дисциплинскиот правилник на ФИФА, со што санкцијата е ставена во мирување во пробен период од една година.

Со тоа, Балогун доби право на настап против Белгија, а одлуката веќе предизвика бурни реакции и бројни коментари во фудбалската јавност.