ПРВ.мк
Балкан

Ако летувате во Грција, избегнувајте ја оваа популарна храна за да не си го расипете одморот

Ако летувате во Грција, избегнувајте ја оваа популарна храна за да не си го расипете одморот

Летниот одмор во Грција лесно може да биде нарушен од стомачни проблеми доколку не внимавате што јадете и пиете, предупредуваат лекарите. Високите температури создаваат идеални услови за брзо размножување на бактерии, особено во храната што долго стои надвор.

Гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ советува туристите да бидат особено внимателни со месото што се продава на улични тезги и во барови покрај плажа. Според него, таквата храна често се загрева и повторно се лади, што го зголемува ризикот од развој на бактерии и труење со храна.

Како пример го посочува гирото што се продава на плажа, нагласувајќи дека доколку месото не се чува и обработува правилно, може да предизвика сериозни гастроинтестинални тегоби и да ви го расипе целиот одмор.

Лекарите препорачуваат наместо тоа да се избира свежо овошје и зеленчук, но само ако претходно се темелно измиени со чиста вода. Исто така, советуваат да не се консумира вода или пијалаци кои долго време биле оставени на директно сонце.

Во однос на индустриските слатки, Перишиќ препорачува да се избираат поквалитетни производи и да се внимава на рокот на траење. Сепак, важно е да се напомене дека долгиот рок на траење сам по себе не значи дека производот е небезбеден, бидејќи тоа зависи од начинот на производство, пакувањето и состојките.

Експертите советуваат туристите да купуваат храна од проверени објекти, да ја избегнуваат храната што долго стои на топло и редовно да одржуваат хигиена на рацете за да го намалат ризикот од стомачни инфекции за време на летувањето.