ПРВ.мк
Спорт

ХОРОР НА ТРКАЧКАТА ПАТЕКА: Фатална несреќа ја засени мото трката, загинаа две лица - ова се двајцата врвни натпреварувачи!

ХОРОР НА ТРКАЧКАТА ПАТЕКА: Фатална несреќа ја засени мото трката, загинаа две лица - ова се двајцата врвни натпреварувачи!

Светот на мотоциклизмот е потресен по трагична несреќа што се случи за време на третата рунда од Меѓународниот шампионат Алпе Адрија (AAIMC) на патеката „Автомотодром Брно“ во Чешка, во која животот го загубија двајца натпреварувачи.

Во тешкиот судир на патеката загинаа австрискиот возач Филип Штајнмајер и романскиот натпреварувач Адријан Рус, потврди Меѓународната мотоциклистичка федерација (FIM).

Филип Штајнмајер, роден на 13 август 1993 година, починал на местото на несреќата поради тешките повреди што ги здобил при судирот.

Адријан Рус, роден на 11 август 1982 година, бил итно пренесен во најблиската болница во критична состојба. И покрај напорите на лекарите да му го спасат животот, тој им подлегнал на повредите кратко по приемот.

По трагичниот инцидент, организаторите веднаш донеле одлука да го прекинат и откажат целиот преостанат натпреварувачки викенд.

Од Меѓународната мотоциклистичка федерација изразија длабоко сочувство до семејствата, пријателите и тимовите на загинатите возачи, нагласувајќи дека ова е еден од најтажните денови за европскиот мотоциклистички спорт.