ПРВ.мк
Спорт

Приказна што ќе ве разнежни: Един Џеко искеширал 40.000 евра за да одржи даден збор

Приказна што ќе ве разнежни: Един Џеко искеширал 40.000 евра за да одржи даден збор

Додека се подготвува да ја предводи репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Светското првенство, Един Џеко повторно ја потсети јавноста дека неговата големина не се мери само со головите и трофеите.

Уште како млад фудбалер на Железничар, Џеко редовно патувал на тренинзи со такси. Во тие денови му дал ветување на таксистот кој често го возел: дека еден ден, кога ќе стане успешен фудбалер и ќе заработува добро, ќе му купи нов автомобил.

Годините минувале, а Џеко од Сараево стигнал до европскиот фудбалски врв. По настапите за Теплице во Чешка, неговата кариера продолжила во Волфсбург, каде што стекнал светска слава и финансиска стабилност.

Но, и покрај успехот, не го заборавил ветувањето дадено како дете. Во 2010 година се вратил во Сараево и го посетил таксистот. Го одвел во салон за автомобили и му дозволил самиот да го избере возилото што го посакува.

По разгледувањето на понудата, таксистот се одлучил за „Шкода Октавија“, а Џеко без двоумење платил околу 40.000 евра за автомобилот.

Овој потег уште еднаш покажа дека капитенот на Босна и Херцеговина не ги заборава луѓето кои биле дел од неговиот пат кон успехот и дека дадениот збор за него има вистинска вредност.