Енис Барди остана без клуб откако Бодрумспор не успеа да се задржи во турската Суперлига. По официјалната разделба објавена од самиот клуб, капитенот на македонската репрезентација е во потрага по нов предизвик.
Шпанските извори не исклучуваат дека Барди може да се врати на Пиринеите, каде клубот Сарагоса покажал силен интерес. Овој тим од долниот ранг на шпанскиот фудбал има амбиција да состави екипа која ќе се избори за враќање во елитата — Примера.
Дали ова ќе биде новата станица во кариерата на македонскиот ас, останува да видиме.









