ПРВ.мк
Спорт

Американската шампионка елиминирана: Потапова прави сензација на Ролан Гарос

Американската шампионка елиминирана: Потапова прави сензација на Ролан Гарос

Париската земја повторно приреди големо изненадување – по елиминациите на Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ кај мажите, турнирот остана и без актуелната шампионка кај дамите. Коко Гоф ја заврши одбраната на титулата уште во третото коло, откако беше поразена од Анастасија Потапова во драматичен меч што траеше два часа и 39 минути.

Американката добро го започна натпреварот, освојувајќи го првиот сет со 6-4, но во продолжение Потапова ја презеде контролата. Вториот сет заврши во тај-брејк, каде Русинката беше убедлива со 7-1. Во решавачкиот сет, Гоф направи серија непредизвикани грешки, а Потапова со агресивна игра и 29 винери (16 од бекхенд) успеа да го затвори мечот со 6-4.

Со оваа победа, 28-та носителка обезбеди пласман во осминафиналето и еден од најголемите триумфи во својата кариера. Годинашното издание на Ролан Гарос дефинитивно ќе добие нова шампионка, бидејќи бранителката на трофејот е елиминирана многу порано од очекуваното.