ПРВ.мк
Спорт

Неизвесност пред СП: Иран можеби нема да може да патува - Ова се деталите

Неизвесност пред СП: Иран можеби нема да може да патува - Ова се деталите

Иранската фудбалска репрезентација сè уште чека визи за влез во САД и Мексико, иако до почетокот на Светското првенство има помалку од две недели. За тоа информираше Фудбалската федерација на Иран (FFIRI).

Федерацијата испратила официјално писмо до FIFA, во кое бара „транспарентност и објаснување за процесот на издавање визи за членовите на делегацијата на иранската репрезентација“. Од FFIRI наведуваат дека побарале јасен став од светската фудбалска организација, но сè уште нема одговор.

Поради оваа ситуација, плановите за патување и подготовките на тимот сè уште не се финализирани.

Иран првично планирал базата за време на Мундијалот да ја постави во Тусон, во американската сојузна држава Аризона. Подоцна, локацијата била префрлена во Тихуана, Мексико. Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум изјавила дека САД не биле подготвени да дозволат иранската репрезентација да престојува на нивна територија поради актуелниот политичко-воен конфликт меѓу двете земји.

Иранските натпревари во групната фаза против Нов Зеланд, Белгија и Египет ќе се играат во Лос Анџелес и Сиетл. Првиот натпревар е закажан за 15 јуни.