ПРВ.мк
Спорт

Ибрахимовиќ жестоко по елиминацијата на Хрватска: „Имаат право да се чувствуваат оштетени“

Ибрахимовиќ жестоко по елиминацијата на Хрватска: „Имаат право да се чувствуваат оштетени“

Поранешниот шведски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ јавно ја коментираше контроверзната завршница на осминафиналниот натпревар меѓу Хрватска и Португалија на Светското првенство, оценувајќи дека хрватската репрезентација има причина да се чувствува оштетена.

Според него, поништениот гол во последните моменти од натпреварот не бил проследен со доволно јасни докази дека станувало збор за офсајд. Ибрахимовиќ истакна дека во вакви клучни ситуации, особено во нокаут-фаза на Светско првенство, интервенцијата мора да биде недвосмислена.

Тој нагласи дека играчите и навивачите на Хрватска веќе ја прославиле погодокот, а само неколку моменти подоцна радоста била заменета со разочарување по одлуката на ВАР.

„Таквите моменти можат целосно да го скршат еден тим. Наместо да зборуваме за драматичен гол во завршницата, повторно главна тема е ВАР“, посочил Ибрахимовиќ.

Иако им честиташе на Португалците за пласманот понатаму, тој додаде дека, доколку бил на местото на хрватските фудбалери, би го напуштил теренот со чувство дека фудбалот им одзел нешто многу важно.