Ракометна лудница во Келн заврши со нова доминација на Барселона, која по жестока борба го совлада Берлин со 37:34 и ја освои 13. титула шампион на Европа.
Финалето донесе вистински спектакл и постојани пресврти, но каталонскиот гигант повторно покажа зошто е еден од најголемите клубови во историјата на ракометот.
Луис Фраде со седум и Алекс Гомез со шест голови беа најрасположени во нападот, додека Блаж Јанц и Домен Макуц додадоа по пет погодоци. Клучниот фактор беше голманот Емил Нилсен, кој со неверојатни 19 одбрани целосно го „заклучи“ финалето.
Кај Берлин се истакнаа Матјас Гидсел со осум гола, Ласе Андерсон и Тим Фрејхофер со по седум, а Нилс Лихтелин со шест погодоци. Македонскиот чувар на мрежата Дејан Милосављев запиша 13 одбрани, но тоа не беше доволно за германскиот тим да стигне до трофејот.
Берлин по вторпат по ред останува без европската круна, додека Барселона уште еднаш ја потврди својата доминација на континентот.








