ПРВ.мк
Спорт

Алварез се врати во групата: „Пајакот“ повторно тренира со Атлетико Мадрид

Алварез се врати во групата: „Пајакот“ повторно тренира со Атлетико Мадрид

Хулијан Алварез повторно им се приклучи на своите соиграчи и се врати на целосен групен тренинг со Атлетико Мадрид.

Според информациите на шпанска „Марка“, аргентинскиот напаѓач по неколкудневно отсуство повторно работи со остатокот од екипата.

„Пајакот“ претходно два дена тренираше самостојно според персонализирана програма, откако извесен период не беше дел од редовните активности со соиграчите по натпреварот против Виљареал.

Алварез во петокот се врати на тренинзите, но првично работеше индивидуално. По два дена работа според посебна програма, Аргентинецот сега повторно е вклучен во целосниот тренажен процес.

Неговото враќање доаѓа во чувствителен момент, на само два дена до затворањето на преодниот рок, додека и понатаму има голем интерес околу неговата иднина.

Засега, сепак, Алварез повторно е со екипата на Атлетико Мадрид и тренира под полн режим.