ПРВ.мк
Спорт

Синот на Анчелоти го презема Бразилскиот гигант – шампион на Бразил и Јужна Америка

Синот на Анчелоти го презема Бразилскиот гигант – шампион на Бразил и Јужна Америка
Escape

Давиде Анчелоти, синот на славниот Карло Анчелоти, го доби својот прв самостоен ангажман како главен тренер – токму во редовите на актуелниот шампион на Бразил и Јужна Америка, Ботафого.

Само три недели пред својот 36-ти роденден, Анчелоти помладиот ќе застане на чело на тимот што минатата сезона ги освои и Серија А и Копа Либертадорес. Тој девет години работеше како помошник на својот татко во гигантите Баерн Минхен, Наполи, Евертон и Реал Мадрид, а во моментов и во бразилската репрезентација, каде Карло Анчелоти е селектор.

Давиде ќе ја комбинира новата функција во Ботафого со улогата на помошник во националниот тим на Бразил. Тој беше блиску до потпис со шкотскиот Ренџерс, но на крајот се одлучи за предизвикот во Јужна Америка.

Претходниот тренер, Артур Хорхе, кој го донесе клубот до врвот, замина за Катар, а наследникот Ренато Паива беше отпуштен по слаб настап во Клупското СП. Под негово водство, Ботафого го победи ПСЖ, но потоа беше елиминиран од Палмеирас.

Клубот е во сопственост на американскиот инвеститор Џон Текстор, кој го поседува и францускиот Лион и англискиот Кристал Палас.

Mia Home Mavrovo