ПРВ.мк
Спорт

Последен натпревар за Дешамп – Мбапе испрати силна порака

Последен натпревар за Дешамп – Мбапе испрати силна порака

Францускиот капитен Килијан Мбапе упати емотивни зборови за селекторот Дидие Дешамп во пресрет на натпреварот за третото место на Светското првенство против Англија, кој ќе биде последен меч на искусниот стратег на клупата на „триколорите“.

„Дидие значи многу за нас и за францускиот народ. Тоа никогаш нема да се промени. Како играч и како тренер испиша неверојатна историја. Ова е негов последен натпревар и ќе направиме сè да одиграме најдобро што можеме за него, бидејќи го заслужува тоа. И нашите навивачи заслужуваат да ја завршиме оваа приказна со третото место“, изјави Мбапе.

Франција беше елиминирана во полуфиналето од Шпанија, додека Англија загуби од Аргентина, па двете селекции ќе се борат за бронзениот медал.

Дешамп ја предводи француската репрезентација од 2012 година и во тој период ја однесе до светската титула во 2018 година, до финалето на Светското првенство во 2022 година и до финалето на Европското првенство во 2016 година. Претходно, како капитен, со Франција ги освои светската титула во 1998 и европската во 2000 година.