Шпанскиот гигант Реал Мадрид направи голем трансферски удар и, според познатиот инсајдер Фабрицио Романо, практично го заврши договорот за доведување на Марк Кукурела од Челси.
Како што се наведува, договорот е постигнат изненадно и без претходни најави, а познатата формула на Романо – „here we go“ – уште еднаш означува дека работата е речиси завршена. Се чека само официјална потврда по завршувањето на Светското првенство.
Реал Мадрид ќе ја активира откупната клаузула во висина од околу 50 милиони евра, со што Шпанецот по само неколку сезони во Лондон ќе се врати во шпанскиот фудбал.
Според информациите, Кукурела бил лична желба на Жозе Мурињо, кој инсистирал на засилување на левата бековска позиција. Во него гледа играч кој може веднаш да донесе стабилност и квалитет во одбраната.
Кукурела пристигна во Челси во 2022 година од Брајтон, а оттогаш одигра над 160 натпревари за лондонскиот клуб, станувајќи еден од клучните играчи во составот. Во исто време, тој е стандарден и во шпанската репрезентација, со која се подготвува за нов голем меѓународен предизвик.
Трансферот, доколку биде официјализиран, ќе претставува едно од поголемите изненадувања на летниот преоден рок.








