ПРВ.мк
Скопје

ВНИМАНИЕ: Планирани прекини на струјата – проверете дали вашата улица е на списокот!

ВНИМАНИЕ: Планирани прекини на струјата – проверете дали вашата улица е на списокот!

Поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на податоци добиени од ЕВН Македонија, во периодот од 11:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од жителите на улицата „Беаз Куле“ во Општина Ѓорче Петров.

Во меѓувреме, во Општина Карпош е најавен прекин на снабдувањето со струја во периодот од 11:00 до 15:00 часот. Прекинот ќе ги опфати корисниците кои живеат на улицата „Теодосиј Синаитски“, поточно на парните броеви заклучно со број 12.

Надлежните посочуваат дека прекините се резултат на планирани работи за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа, со цел да се обезбеди посигурно и поквалитетно снабдување со електрична енергија. На граѓаните им се препорачува навреме да ги испланираат своите обврски додека траат најавените активности.

Најнови вести