ПРВ.мк
Скопје

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Голем дел од Скопје утре ќе остане без вода - проверете дали сте на списокот!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Голем дел од Скопје утре ќе остане без вода - проверете дали сте на списокот!

Поради планирани активности за изведување водоводен приклучок со профил Ф-225 мм на улицата „Отокар Кершовани“ б.б., во близина на Амбулантата Бит Пазар, утре, 15 септември, ќе има прекин во водоснабдувањето.

Без вода ќе останат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“ и „Крсте Мисирков“ бр. 14, како и Амбулантата Бит Пазар.

Прекинот во водоснабдувањето е предвидено да започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите и санирање на дефектот.