ПРВ.мк
Скопје

ПОЖАР ЗАД ЗГРАДАТА НА МРТВ! Се запали сува трева - пожарникарите на терен!

ПОЖАР ЗАД ЗГРАДАТА НА МРТВ! Се запали сува трева - пожарникарите на терен!

Денеска попладне избил пожар во близина на зградата на МРТВ во Скопје, поради што густ чад се ширел низ околината, а мирисот на чад се чувствувал и во правец на трговскиот центар Ист Гејт.

Според информациите на „Фокус“, огнот најпрво ја зафатил сувата трева на теренот зад зградата на МРТВ, по што пожарот се проширил и на дрвјата во близина.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините поради кои избил пожарот.

Извор Фокус