Четворица мажи биле лишени од слобода во гостиварското село Калиште, откако полицијата ги затекнала при нелегален ископ за пронаоѓање злато на локацијата позната како „Гури Соколеци“.
Според информациите од полицијата, на 23 октомври 2026 година, во 20:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги привеле Н.С. (63) од селото Џепчиште, М.Д. (55) од селото Челопек, како и З.М. (72) и Н.К. (78) од селото Врапчиште.
При интервенцијата, кај нив биле пронајдени и одземени метален детектор, лопати, копачи и други предмети што, според полицијата, биле користени при ископувањето.
Четворицата се сомничат дека сториле кривично дело по член 264 од Кривичниот законик – „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или природни реткости“.
Сите биле задржани во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.






