ПРВ.мк
Црна Хроника

МАЛОЛЕТНИК ПРЕТЕПАН ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ! Група малолетници учествувале во тепачката - родителите бараат построги мерки!

МАЛОЛЕТНИК ПРЕТЕПАН ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ! Група малолетници учествувале во тепачката - родителите бараат построги мерки!

60-годишен скопјанец пријавил во полицијата дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници на подрачјето на скопската општина Аеродром.

Според информациите од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 23 октомври 2026 година, во 12:00 часот. Настанот, како што навел пријавителот Г.И. (60), се случил претходната вечер, на 22 октомври, околу 21:30 часот.

Тој пријавил дека неговиот син бил нападнат од група малолетници, од кои едниот му бил познат.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил нападот.

Најнови вести