ПРВ.мк
Црна Хроника

АКЦИСКА КОНТРОЛА ПРЕД КАЗИНО ВО БОГОВИЊЕ! Во „ауди“ биле пронајдени сомнителни супстанци - еве што се открила полицијата!

АКЦИСКА КОНТРОЛА ПРЕД КАЗИНО ВО БОГОВИЊЕ! Во „ауди“ биле пронајдени сомнителни супстанци - еве што се открила полицијата!

Двајца мажи биле лишени од слобода во одделни полициски акции во гостиварскиот и тетовскиот регион, откако при контролите биле пронајдени и одземени сомнителни супстанции.

Првиот случај бил регистриран на 23 октомври 2026 година, во 22:15 часот, во Гостивар. Полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.Д. (48) од селото Галате.

При контрола на патничкото возило што го управувал, како и при личен преглед, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вториот случај се случил на 24 октомври 2026 година, во 00:10 часот. Полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Ј.Т. (44) од Тетово.

При акциска контрола на паркинг пред казино во селото Боговиње, полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓал пријавениот. Притоа биле пронајдени и одземени остатоци од марихуана.

И во овој случај, по целосното документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Најнови вести