ПРВ.мк
Скопје

СОЛИДАРНОСТ ЗА ГОСТИВАР - Овој македонски град испраќа цистерни со вода за граѓаните!

СОЛИДАРНОСТ ЗА ГОСТИВАР - Овој македонски град испраќа цистерни со вода за граѓаните!

Град Скопје ќе испрати цистерни со питка вода за жителите на Гостивар, каде во изминатите денови повеќе граѓани побараа медицинска помош поради стомачни тегоби, додека надлежните институции ги испитуваат причините за состојбата.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека градот веднаш реагирал за да обезбеди безбедно снабдување со вода додека траат анализите.

„Во вакви моменти нема место за чекање – потребни се брза реакција, човечност и солидарност“, порача Ѓорѓиевски.

Во својство на претседател на Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), тој упати апел и до другите градоначалници, согласно нивните можности, да се приклучат во обезбедувањето помош за Гостивар.

„Само обединети и солидарни можеме полесно да се справиме со оваа сериозна состојба и да им дадеме сигурност на граѓаните дека не се сами“, истакна тој.

Ѓорѓиевски побара надлежните институции целосно и транспарентно да ги утврдат причините за појавата на здравствените проблеми и, доколку се констатираат неправилности, да се утврди одговорност.

Тој нагласи дека Град Скопје ќе продолжи да им помага на жителите на Гостивар сè додека трае состојбата, додавајќи дека во вакви моменти најважни се солидарноста и меѓусебната поддршка.