ПРВ.мк
Скопје

СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ: Маж се самозадоволувал пред жена среде бел ден!

СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ: Маж се самозадоволувал пред жена среде бел ден!

Вознемирувачки инцидент бил пријавен во центарот на Скопје, откако 52-годишна жена тврди дека непознат маж извршувал непристојни дејствија пред неа на јавно место.

Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен вчера околу 10 часот во СВР Скопје. Жената навела дека инцидентот се случил претходниот ден, околу 14:55 часот, на подрачјето на општина Центар.

Според пријавата, машкото лице се самозадоволувало пред неа, што предизвикало вознемиреност и шок кај скопјанката.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за идентификување на лицето и за целосно расчистување на случајот.

Инцидентот предизвика реакции во јавноста, особено поради тоа што се случил среде бел ден во еден од најфреквентните делови на главниот град.

Најнови вести