ПРВ.мк
Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ИНЦИДЕНТ: Зрно од куршум погодило дете во грб во Македонија!

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ИНЦИДЕНТ: Зрно од куршум погодило дете во грб во Македонија!

Вознемирувачки инцидент се случил во скопската населба Драчево, откако малолетно дете било погодено во грбот од зрно од огнено оружје додека било на тренинг во двор на основно училиште.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 21 мај околу 19:45 часот во СВР Скопје од страна на 37-годишен скопјанец.

Тој пријавил дека неговиот малолетен син, за време на тренинг во училишниот двор во Драчево, одеднаш почувствувал силен удар во пределот на грбот.

По инцидентот, во непосредна близина било пронајдено зрно од огнено оружје, што предизвикало сериозна вознемиреност кај присутните.

Од полицијата информираат дека за среќа детето не се здобило со повреди, но случајот веднаш бил пријавен и започната е истрага за да се утврди од каде потекнува зрното и под какви околности дошло до инцидентот.

Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.