ПРВ.мк
Македонија

ТРАГИЧЕН КРАЈ: Полицијата и граѓани цела ноќ трагаа по исчезнат човек - пронајден е мртов!

ТРАГИЧЕН КРАЈ: Полицијата и граѓани цела ноќ трагаа по исчезнат човек - пронајден е мртов!

Со трагичен епилог заврши големата потрага по исчезнат 63-годишен жител на гостиварското село Форино, по кого полицијата, пожарникарите и мештаните трагале цела ноќ.

Според информациите, исчезнувањето било пријавено синоќа околу 21:30 часот во ОВР Гостивар, откако неговите роднини забележале дека не се вратил дома и не можеле да стапат во контакт со него.

Мажот работел како овчар на бачило во околината на Врапчиште, поради што веднаш била организирана теренска потрага во поширокиот регион.

Во акцијата учествувале полициски службеници, пожарникари од Гостивар, како и граѓани кои се вклучиле во обидот да го пронајдат исчезнатиот човек.

По речиси девет часа потрага, утрово околу 6 часот, 63-годишникот бил пронајден без знаци на живот во атарот на Врапчиште, во близина на пат што моментално го градат приватни компании.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, каде лекар констатирал смрт.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициски екипи од ОВР Гостивар, а телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Засега нема официјални информации за околностите под кои починал мажот, а истрагата продолжува.