ПРВ.мк
Скопје

Нов проект од европската унија за општина Бутел!

Нов проект од европската унија за општина Бутел!

Во Приштина се одржа завршната церемонија за доделување на грантовите за општините во рамките на IPA III Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија за периодот 2021-2027 година. На настанот присуствуваа министерот за локална самоуправа на Република Македонија, Златко Перински, косовскиот министер за локална самоуправа, како и градоначалниците на општините кои се дел од оваа програма.

Преку оваа соработка, Општина Бутел ќе го имплементира проектот „Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста - REDUCE“, кој е финансиран од Европската Унија. Овој проект има за цел да придонесе кон почиста и поодржлива животна средина преку подобрување на системите за собирање, селекција и рециклирање на отпадот.

Активностите во најголема мера се насочени кон надминување на заедничките предизвици со кои се соочуваат вклучените општини во Косово и Македонија. Истовремено, проектот ќе ѝ помогне на Општина Бутел да ги унапреди своите практики во согласност со европските стандарди за заштита на животната средина. Крајната придобивка од оваа иницијатива ќе биде почиста и поздрава животна средина, современо управување со отпадот и поголема еколошка свест кај граѓаните. Со поддршка од Европската Унија се создаваат конкретни и долгорочни решенија кои значително ќе го подобрат квалитетот на животот на жителите во двете општини.