ПРВ.мк
Скопје

ПРЕКИН ВО СТРУЈАТА ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ - еве кој општини ќе бидат без електрична енергија!

ПРЕКИН ВО СТРУЈАТА ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ  - еве кој општини ќе бидат без електрична енергија!
Kristal

Денеска делови од главниот град ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, добиени од ЕВН Македонија АД, прекините се најавени поради технички зафати и одржување на електродистрибутивната мрежа.

Во општина Илинден, без струја ќе останат корисниците на улиците 8 и 8а, во периодот од 08:00 до 13:00 часот.

Во општина Центар, прекин на електричната енергија ќе има во периодот од 08:30 до 12:30 часот, и тоа во хотелот „Буши“, како и на делови од улиците „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“, „Прохор Пчински“ и „Алберт Станиќ“.

Од ЕВН информираат дека овие прекини се дел од редовното техничко одржување и подобрување на стабилноста на електродистрибутивната мрежа, со цел во иднина да се обезбеди поквалитетно снабдување со струја за сите корисници.

Граѓаните се советуваат навремено да ги завршат своите обврски и да се подготват за неколкучасовното исклучување на електричната енергија.

Escape