Вчера, на 12 ноември 2025 година, во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 24-годишник од Охрид. Тој е пријавен дека физички ја нападнал својата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.
















