Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против осум лица, поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и против еден надзорен инженер. Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и фалсификување или уништување на деловни книги.
Според Управата, осомничените изготвиле и одобриле документи со невистинита содржина за градежна парцела во Сарај, иако за неа не постоел детален урбанистички план. Надзорниот инженер, пак, извршил технички преглед и подготвил завршен извештај со неточни податоци.
Со ваквите дејствија, фирмата „Азра Идриз“ ДООЕЛ од Глумово била овозможена противправна имотна корист во износ од околу 108,6 милиони денари, соопшти Управата за финансиска полиција.
















