Исплатата на регресот за годишен одмор, популарно познат како К-15, веќе започна во повеќето приватни компании. За приватниот сектор оваа година, минималната сума изнесува нешто над 18.000 денари, додека за административните службеници К-15 ќе изнесува околу 12.000 денари.
Според законот, регресот може да достигне и 45.000 денари, колку што изнесува просечната плата во земјата, но конечниот износ се определува индивидуално од компаниите.
Законот е јасен – К-15 мора да биде исплатен до 31 декември 2025 година, а во спротивно следуваат ригорозни казни.
Доколку работодавецот не го исплати регресот согласно законот, работниците можат да поднесат пријава.
















