ПРВ.мк
Свет

Tрагедија на работно место: 49-годишна пекарка го загуби животот - ова се деталите!

Tрагедија на работно место: 49-годишна пекарка го загуби животот - ова се деталите!
Kristal

Трагедија ја потресе грчката заедница Дамаси во регионот Лариса, каде што 49-годишна сопственичка на пекарница трагично го загуби животот во раните утрински часови.

Според локалните медиуми, несреќата се случила додека жената работела во својата пекарница – нејзината коса се заплеткала во машината за тесто, предизвикувајќи смртоносни повреди.

И покрај брзата реакција на вработените и пристигнувањето на итната служба, лекарите не успеале да ја реанимираат.

Полицијата спроведува истрага за утврдување на точните околности и дали биле почитувани сите безбедносни стандарди на работното место.

Локалната заедница е во шок по смртта на жената, која била добро позната и омилена меѓу жителите на Дамаси.

Грчките медиуми пренесуваат дека истиот ден се случила и друга трагедија – 40-годишен месар во Кукуш починал поради повреда на феморалната артерија додека работел во својата месарница.

Escape