Мише, сопственикот на познатиот скопски фаст фуд ланец Baking Bread, направи необичен и впечатлив потег за локалните услови.
Тој му подари нов автомобил на својот вработен Антони, кој работи во фирмата уште од нејзините почетоци. Според Мише, токму лојалноста и посветеноста на Антони во тешките моменти го направиле заслужен за ваков подарок.
„Гинеше со мене кога беше најтешко. Никогаш не кажа ‘не’, никогаш ништо не побара, а секогаш даваше сè за фирмата. Ова не е подарок, ова е твоја лична заслуга. Фала од мене за сите години труд и посветеност“, изјави Мише Цвејевски.
Овој гест е ретка, но инспиративна приказна за признавање на лојалноста и трудот во македонскиот бизнис свет.
















