Нова студија од Харвард сугерира дека децата кои редовно извршуваат домашни обврски растат како поодговорни, по самостојни и поуспешни возрасни. Раното вклучување во работа гради важни животни вештини како управување со време, тимска работа и одговорност – карактеристики кои силно се поврзуваат со поголеми успеси во зрелата возраст.
Истражувачите откриле дека давањето домашни задачи на децата поттикнува емпатија и посилна работна етика. Тие што придонесуваат дома почесто постигнуваат подобри академски резултати, развиваат лидерски способности и се поконтенти во своите кариери на долг рок.
Студијата потсетува на едноставна порака: секојдневните навики како чистење, готвење или миење садови можат силно да влијаат врз градењето на самоуверени и способни возрасни.
Извор: Harvard Study of Adult Development
















