ПРВ.мк
Скопје

Без лифтови со недели – студентите во ‘Гоце Делчев’ конечно добиваат решение, ова се деталите

Без лифтови со недели – студентите во ‘Гоце Делчев’ конечно добиваат решение, ова се деталите
Kristal

 Државниот студентски дом „Гоце Делчев“ – Скопје најави дека започнува со санација на нефункционалните лифтови, кои веќе подолг период не работат. Од управата информираат дека се работи за посериозни технички оштетувања, но дека се веќе нарачани резервни делови и дека двата лифта што не функционираат ќе бидат поправени во најскоро време.

Во моментов само еден лифт е во функција, а техничките екипи интервенираат веднаш по појава на дефект, со цел да се спречат дополнителни потешкотии за студентите.

„Нашата цел е до Нова година сите осум лифтови во домот повторно да бидат во функција, како што беа во летниот период. Станува збор за посложени дефекти кои бараат повеќе време за целосна санација“, соопштуваат од домот „Гоце Делчев“.

 Драматични сведоштва на студенти од блок Г, кои со недели живеат без нормални услови – лифтовите не работат, а тие секојдневно се искачуваат пеш по 13 и 14 ката, носејќи храна и багаж. Според нив, поправките биле само привремени и проблемот никогаш не бил целосно решен.

Студентите апелираа до надлежните институции итно да се најде трајно решение, предупредувајќи дека состојбата станала неподнослива.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK